Нема доволно докази дека поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, е виновен за две обвиненија за геноцид во седум општини, но се уште нема пресуда за масакрот во Сребреница во кој беа убиени околу 8 илјади муслимански мажи и момчиња, пресуди денеска Хашкиот суд. Трибуналот пресуди дека Караџиќ е виновен за злосторства против човештвото во различни општини во Босна. Читајќи ја пресудата во Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, судија О-Гон Квон денеска рече дека има многу злосторства извршени од силите на босанските Срби против босански муслимани и босански Хрвати во општините во Босна и Херцеговина, но оти тие не се сметаат за геноцид. Изрекувањето на пресудата по другите точки од обвинението сè уште трае.
Караџиќ виновен за злосторства против човештвото, нема докази за геноцид
Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ