За жал, се уште немаме одговор на Меморандумот за разбирање кој Атина го испрати до Скопје, изјави денеска портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас. Тој исткна дека Грција презела „конструктивна иницијатива за да се најде излез од ќор-сокакот кој го одложува процесот“ за изнаоѓање решение за проблемот со името, додека македонската страна „продолжува со обвинувања кон Грција“ . Тој додаде дека очекуваат од Скопје јасен и позитивен одговор кој ќе даде нова динамина во преговарачкиот процес. На новинарско прашање за почитување на човековите права на малцинствата тој изјави дека „во Грција има само муслиманско малцинство и ништо друго, односно дека постојат некои организации кои се обидуваат да гетоизираат дел од грчката популација, но не успеваат во тоа затоа што во Грција постои хармоничен соживот