Педофилијата е мистерија за папата Бенедикт

Папата Бенедикт 16

Папата Бенедикт 16 изјави дека е мистерија зошто свештениците и други црквени лица злоупотребуваат деца. Папата имаше обраќање пред 75 илјади верници во Даблин. Тој напомена дека вербата на Ирците била разнишана со откритите за сексуалната злоупотреба од страна на свештениците во земјата.
Католичката црква беше цел на остри критики низ светот за прикривањето на случаи на злоупотреба на деца во католичките парохии, училишта и други црквени институции.