Хрватската владејачка коалиција се договори за предлог-законот за медицинско оплодување, со кој секоја жена без оглед во каква заедница живее ќе може да се подложи на ин витро.
- Целта на предлог-законот, што ќе влезе во парламентарна процедура во април, ќе им овозможи на сите жени и сите двојки да имаат дете, изјави министерот за здравство Рајко Остоиќ.
Тој наведе дека со законот ќе бидат опфатени и лезбејските двојки иако првично беше наменет само за омажените жени и жените кои живеат во вонбрачна заедница.
Законот беше предложен од министерот за социјална политика и млади Миланка Опачиќ, која наведе дека се работи за „медицински закон, а не закон за истополови заедници“.
- Секој кој има проблем со неплодноста има право да ги искористи сите можности, загарантирани со закон, посочи Опачиќ.