Умореност, разочараност, политичка апатија, страв... меѓу македонските граѓани поради актуелната ситуација во која се наоѓа државата.
Уморни сме од политиката и секојдневието. Вака одговорија неколкуте сограѓани кои пред нашиот микрофон кога ги прашавме каква е иднината на Македонија? Разочараност, гнев кој постепено преминува во рамнодушност, страв отворено да се изјаснат за тоа што им пречи... ваков е впечатокот што го добивме по анкетата меѓу случајните минувачи. Несомнено, никој не е
Не заморија со многу тешки прашања.
расположен за муабет, кога го мачат проблемите на сиромаштија и невработеност.
„Не заморија со многу тешки прашања.“
„Животниот стандард е на нула, како што гледате работиме само за да ги платиме сметките.“
„Економски падна народот, кој има дете невработено, или самиот тој не е вработен.“
„Владата го заборави народот.“
Животниот стандард е на нула, како што гледате работиме само за да ги платиме сметките.
„Децата не ми работат, што да ви кажам.“
После овие одговори од граѓаните, решивме да не ги прашуваме политичарите. И онака нивните размислувања и ставови ги слушаме и гледаме секојдневно. Но, одговор побаравме од политичките аналитичари. Дел од нив велат дека во земјава владее политичка апатија, а дејствата кои одговорните ги превземмаат се неполитички. Според политикологот Артан Садику дистанцирањето на Македонија од евроатланските структури може дополнително да ја влоши моменталната ситуација. Според него најважно е да се најдат вистинските алтернативи.
Власт без стратегија и опозиција без понуда
Најтажното е тоа што сегашната влада во Макеоднија нема некоја стратегија за излез од сегашниот ќорсокак, но уште потажно е кога опозицијата во време кога предлага предвремени избори како алтернатива не нуди ништо друго, освен што се нуди сама себе си.
„Најтажното е тоа што сегашната влада во Македонија нема некоја стратегија за излез од сегашниот ќорсокак, но уште потажно е кога опозицијата во време кога предлага предвремени избори како алтернатива не нуди ништо друго, освен што се нуди сама себе си.“
И комуникологот Петар Арсовски не очекува позитивни промени во блиска иднина, пред се поради недостатокот од генерална еманципација во политиката и нагласениот популизам.
„Податокот дека повеќе од половина од луѓето сметаат дека нивната религија или нивниот етникум е, поприоритетен од другите. Сметањето дека хомосексуализмот е некоја девијантна појава, сметањето дека во Југославија сите живееле подобро итн. Сето тоа укажува на еден недостаток на генерална еманципација во политичкиот и социјалниот дискурс, а на тоа имаме еден популизам кој владее кај сите политички партии.“
Недостигот на странски инвестиции, големиот процент на невработеност и сиромаштија, немањето економски прогрес е само дел од реалноста во земјава. Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава е полош од минатогодишниот, а според забелешките во истиот, земјава бележи назадување на полето на демоктратијата ин слободата на говорот. Последните истражувања на невладините организации покажаа дека дури 55 насто од граѓаните се политички неопределени, а 60 насто од нив се југоносталгичари.