Сеуште нема подетални информации зошто се разрешени десетте јавни обвинители. Дилемата е дали станува збор за дел од реформите во судството или ситуацијата има политичка заднина?
Нема подетални информации зошто се разрешени 10 јавни обвинители. Експертите не сакаат да коментираат дали станува збор за дел од реформите во судството или целата ситуација има политичка заднина. Велат дека Советот на јавни обвинители може да разешува обвинители но треба да наведе подетално во што се прекршувањеата. Со објаснувања дека нестручно и несовесно си ја вршеле работата, или пак недолично се однесувале, но без конкретни примери што згрешиле во своето работење, беше разрешен првиот обвинител на скопското основно обвинителство, Стерјо Зиков. Зиков вели дека не бил ниту известен, не му се јасни ни причните зошто го зазрешиле, едноствно му соопштиле дека е разрешен За адвокатот Драган Малиновски вели дека најчудно е разрешувањето на скопскиот обвинител:
,,Познавајќи ги приликите малку ми е чудно разрешувањето на скопскиот јавен обвинител каде барем во изминатиот период не беше врзано некое постапување кое би се окарактеризирало како проблематично за ова јавно обвинителство кое е најекспонирано и најпреоптеретено со работа. За каква ефикасност станува збор дали се работи за организација внатре во обвинителството или за некој конкретен предмет, навистина е нејасно во моментот. Меѓутоа повторно велам не би можеле да судиме или да проценуваме во отсуство на конкретни елементи.“
Советот на обвинители освен Зиков разреши и обвинители од Гевгелија , Скопје , Штип, Крива Паланка и Струмица. Но освен што разрешуваше , советот на обвинители им го продолжи мандатото на 131 јавен обвинител, а 5 обвинители беа пензионирани.
,,Јавното обвинителство на Република Македонија при вршењето на контролите над работата на јавните обвинители, утврди дека тие во својата работа се покажале несовесно, нестручно ја вршеле нивната функција.“
Вели претседателката на советот на обвинители, Елена Гошева. Промените се случија непосредно пред судиите и јавното обвинителство да отидат на одмор. Судовите работат само за итните предмети. Судството веќе подолг период се посочува како една од главните слабости за евроинтеграциите. Министерот за правда Михајло Маневски пред неколку денови вети дека реформите во судството ќе бидат завршени пред есенскиот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ.
За каква ефикасност станува збор дали се работи за организација внатре во обвинителството или за некој конкретен предмет, навистина е нејасно во моментот
,,Познавајќи ги приликите малку ми е чудно разрешувањето на скопскиот јавен обвинител каде барем во изминатиот период не беше врзано некое постапување кое би се окарактеризирало како проблематично за ова јавно обвинителство кое е најекспонирано и најпреоптеретено со работа. За каква ефикасност станува збор дали се работи за организација внатре во обвинителството или за некој конкретен предмет, навистина е нејасно во моментот. Меѓутоа повторно велам не би можеле да судиме или да проценуваме во отсуство на конкретни елементи.“
Советот на обвинители освен Зиков разреши и обвинители од Гевгелија , Скопје , Штип, Крива Паланка и Струмица. Но освен што разрешуваше , советот на обвинители им го продолжи мандатото на 131 јавен обвинител, а 5 обвинители беа пензионирани.
Јавното обвинителство при вршењето на контролите над работата на јавните обвинители, утврди дека тие во својата работа се покажале несовесно, нестручно ја вршеле нивната функција