Украински огромен авион, Антонов, Ан-225 е постојано ангажиран во ова време на пандемијата со коронавирусот. Разнесува непходна опрема за лична заштита низ светот.
Украински мега-авион работи прекувремено заради пандемијата
5
Ан-225 беше дизајниран во Советскиот Сојуз за да го носи вселенскиот шатл Буран (на сликата) и ракетите на шатлот. Изграден е само еден авион Ан-225, кој прв пат леташе во 1988 година. По падот на Советскиот сојуз, авионот влезе во комерцијални води.
6
Ан-225 се пробива низ јасно пролетно небо над Киев на 23 април. Виталиј Шост, заменик-директор на „Антонов ерлајнс“, изјави за РСЕ / РЛ дека авионот прави во просек од 12-20 летови секоја година, но досега во 2020 година веќе има седум меѓународни испораки.
7
Кутии со маски за лице се растовараат од Ан-225 во Лајпциг на 27 април. Шост вели дека авионот има голема побарувачка за време на пандемијата, бидејќи на полесните товарни авиони ќе им бидат потребни повеќе летови за да го испорачаат истиот обем на производи.
8
Лет на Ан-225 над Одеса, Украина, на 23 април. Шост одби да каже колку чини авионот за изнајмување, но во 2004 година транспортот на Ан-225 на голема индустриска компонента од Данска за Казахстан чинеше 291.000 американски долари.