Германија не сака да презема деца мигранти од Грција
Европската унија и натаму бара решение за мигрантите кои остануваат заглавени во камповите во грчките острови. Токму затоа опозицијата во Германија побара таа земја да ги прифати барем децата мигранти поради тешките услови со кои се соочуваат во камповите. Во меѓувреме турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно се закани од нов бран мигранти од Сирија.