Достапни линкови

Кој раководи со МВР?


Заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков.
Заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

РСЕ контактираше и со министерот Оливер Спасовски и со заменикот Митко Чавков, но и двајцата не дадоа изјава за тоа колку превирањата во МВР ја загрозуваат безбедноста на државата. Превирањата во МВР ја отежнуваат работата на институцијата, а со тоа се доведува во прашање стабилноста на државата, велат експертите.

Откажување на послушност, заклучени врати, забранет влез, одземање картички на вработените на кои министерот им издал решение. Во вакви услови на превирања функционира Министерството за внатрешни работи во време кога секојдневно на улиците протестираат илјадници граѓани, а и илјадници мигранти се на јужната граница.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Радио Слободна Европа контактираше и со министерот Оливер Спасовски и со заменикот Митко Чавков, но и двајцата не дадоа изјава за тоа колку тие превирања ја загрозуваат безбедноста на државата.

Но според Павле Трајанов, кој претходно ја има извршувано функцијата министер, информациите за двојно раководење со министерството се загрижувачки. Тоа покажува дека системот на хиерархија не се почитува, а министерот не може да издава насоки кој што ќе бидат задолжителни за сите вработени, оценува Трајанов.

Ова двојство сериозно ги нарушува внатрешните состојби во Министерството за внатрешни работи и тоа сигурно дека има негативни рефлексии и врз стабилноста на државата и во извршувањето на сложените безбедносни зафати кој што ги извршува оваа битна државна институција.
Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи.

„Ова двојство сериозно ги нарушува внатрешните состојби во Министерството за внатрешни работи и тоа сигурно дека има негативни рефлексии и врз стабилноста на државата и во извршувањето на сложените безбедносни зафати кој што ги извршува оваа битна државна институција”, вели Трајанов.

Тој прецизира дека министерот треба да ги добива сите сензитивни информации и врз основа на тоа, како што вели, да гради стратегија заедно со неговиот тим за тоа како да се постапува и каде да се насочат активностите на министерството.

„Ако директорот на Управата за безбедност и контрарузнавање и директорот на Бирото за јавна безбедност не го информираат за состојбите, ако тие директно го информираат заменик министерот Чавков или владата, уште полошо ако тие директно се истурени на позиции на владејачката партија тогаш сосема е извесно дека тој не може да раководи со својата функција и тоа предизвикува сериозни проблеми во извршувањето на овие сложени и тешки безбедносни задачи“, вели Трајанов.

Според професорот Стефан Буџакоски кој исто така порано работел во структурите на МВР, ако не се почитува хиерархијата во оваа институција тогаш се отежнува и нејзиното функционирање.

„Безбедносниот систем во ситуации кога и е нарушена безбедносната состојба и има извори на загрозување од различен аспект, но и во ситуации состојбата е добра или се констатира дека е поволна, безбедносниот систем треба да биде единствен, интегрален и функционален“, вели Буџакоски.

Превирањата меѓу министерот од СДСМ и заменикот од ВМРО-ДПМНЕ почнаа уште при именувањето, но ескалираа откако Спасовски заедно со другите владини функционери од опозицијата си поднесоа условени оставки, собранието не им ги стави на седницата, но владата со одлуки им ги поништи сите решенија кои дотогаш ги донеле.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG