19:17
13.4.2014
Кандидатите за претседател очекуваат фер трка
Откако го остварија своето право на глас кандидатите за претседател на Македонија изјавија дека очекуваат коректни избори.
19:16
13.4.2014
Заврши првиот круг од гласањето за претседател
Вербални напади и кавги меѓу политичари, закани до набљудувачи на гласачки места, искршени партиски штабови, гласачко мастило кое се брише. Ова се дел од забелешките на набљудивачите.
18:24
13.4.2014
Мала излезност и забележани неправилности во Струга
Во Струга до 17 часот излезноста била 21,57 отсто, додека во Охрид е 50 отсто. Во струшко, во неколку населени места со чисто етничко албанско население процентот на излезеност на локалните жители е под 1 отсто. Во Струга главен проблем претставува брзото бришење на мастилото со кое се одблежува секој гласач. Исто така граѓани се жалат дека луѓе во комбиња и автомобили седеле пред речиси секое избирачко место во Струга и струшко и воделе евиденција кој одел на гласање.
17:07
13.4.2014
#Избори единствениот момент кога одиш во школото каде што си учел и се потсетуваш на убавите денови од детство.
— Стефан ☮ ✌♥ (@ShumechaTableta) April 13, 2014