Референдум на кој граѓаните би одлучувале за евентуалниот компромис за името, за дел од експертите е само параван зад кој ќе се скрие Владата, бидејќи не сака да ја понесе одговорноста. За другите пак референдумот е последна одбрана на името. Во очекување на нов предлог за решавање на спорот за името со Грција, Премерот Никола Груевски најави дека доколку се постигне компромис, тој ќе оди на референдум за граѓаните да одлучат. Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, вели дека ако Македонија биде турната во позиција во која мора да прифати промена на името, тогаш референдумот е последната опција, бидејќи народот нема да се изјасни за промена.
,,Во тој референдум би очекувал, значи како одбрана од диктат, како одбрана да ги мобилизираме сите сили, позиција и опозиција и на тој начин да покажеме дека државата и нејзините граѓани неможат да прифатат диктат и врз основа на тоа на другата страна која го врши дикатот, да и се даде до знаење дека н макар и членка на ЕУ, не е на стандардите на Брисел."
Вели Чашуле и објаснува дека со актуелните проблеми во државата и се праќа порака на Грција, дека во земјава постои група која се залага за промена на името. Политикологот Емил Атанасовски објаснувува дека одлуките кои произлегуваат од преговорите не мора да се прифатат, а доколку се прифатат тие треба а бидат или ратификувани во парламентот или на референдум
,,Јасно е дека владата на Груевски е решена тоа да го стави на референдум и дека нема намера тоа да го решава во Парламентот, преку носење на одлука од страна на пратениците. Единствена причина зошто владата сака да оди на референдум, е затоа што не сака таа да ја понесе одговорноста за такво решение."
Вели Атанасовски и додава дека од целата ситуација Владата сака да излезе како историски победник и да каже еве народот одлучи , ние не можеме против тоа.
Во тој референдум би очекувал, да ги мобилизираме сите сили и на тој начин да покажеме дека државата и нејзините граѓани неможат да прифатат диктат