Предлозите на градоначалникот на Гостивар Руфи Османи, за редефинирање на Уставот и позицијата на Албанците во Македонија, наидоа на различни реакции кај политичарите и домашната експертска јавност. Едните сметаат дека за ваквите идеи нема место и ги оценуваат како политички маркетинг. Другите пак велат дека Охридскиот договор не дава резултати и мора да се направи нешто за подобрување на положбата на малцинствата. Пратеникот од СДСМ, Владо Бучковски вели дека изказите на Руфи Османи не треба да се потценуваат, затоа што Османи е важна политичка фигура.
„Кризата која евидентно ќе следи на економски план може повторно да ги врати и внатрешните проблеми кои тлеат, уште повеќе што е евидентно дека Албанците сметаат дека политиката на ДУИ ги маргинализира или се доведени во позиција да бидат мајоризирани.“
За Рафиз Алити од ДУИ, Уставот не е еднаш за секогаш даден.
„Уставот на Република Македонија не е ниту Библија, ниту Коран за да не се менува. Така што, тоа што е во интерес на граѓаните треба дасе седне и да се разговара,“
вели Алити.
Професор Имер Исмаили вели дека партиите од албанскиот политички блок не направиле ништо за правата на Албанците и дека требаат нови идеи во овој кампус. Исмаили смета дека ваквите предлози ќе наидат на широка подршка меѓу Албанците во земјава.
„Теоретски гледано тоа доведува до конфедерациски или федерациски систем. Ова е суштинско прашање. Руфи Османи во наводници за мене ги радикализира состојбите, затоа што Охридскиот договор не дава резултати.“
Во предлозите на градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи, професор Димитар Мирчев, гледа политички маркетинг.
„Повторното покренување на прашањето за нови договори е апсолутно нерелевантно и неактуелно.“
Градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи, во денешното интервју за весникот „Дневник“, вели дека Охридскиот договор е преодно решение кое е веќе надминато. Османи вели дека кога Македонија ќе биде дело д НАТО и ЕУ, би исчезнале сите стравувања и фрустрации на Македонците дека се загрозуваат интегритетот на државата и нивната иднина.
Уставот на Република Македонија не е ниту Библија, ниту Коран за да не се менува
„Кризата која евидентно ќе следи на економски план може повторно да ги врати и внатрешните проблеми кои тлеат, уште повеќе што е евидентно дека Албанците сметаат дека политиката на ДУИ ги маргинализира или се доведени во позиција да бидат мајоризирани.“
За Рафиз Алити од ДУИ, Уставот не е еднаш за секогаш даден.
„Уставот на Република Македонија не е ниту Библија, ниту Коран за да не се менува. Така што, тоа што е во интерес на граѓаните треба да
Теоретски гледано тоа доведува до конфедерациски или федерациски систем. Ова е суштинско прашање. Руфи Османи во наводници за мене ги радикализира состојбите, затоа што Охридскиот договор не дава резултати