Совет за безбедност: Осуда за Русија, состојбата во С. Македонија е стабилна
Членовите на Советот за безбедност ги осудија воените дејствија кои Русија ги презема над Украина и кои веќе донесоа загуба на човечки животи и материјална штета, соопштија од Кабинетот на претседателот на државата, по одржаната седница на Советот. На седницата се разговарало за безбедносната состојба во земјава и регионот поврзана со руската агресија врз Украина.
Членовите на Советот констатирале дека безбедносната состојба во земјата е стабилна.
Украина трпи „сериозни загуби“ по руската инвазија
Најмалку 40 луѓе се убиени во нападите откако руските сили ја нападнаа Украина, соопшти денеска советник на украинскиот претседател Влодимир Зеленски. Украинскиот претседател во телевизиското обраќање до својата нација рече дека „Украина претрпе сериозни загуби во почетните фази од долго стравуваниот руски напад на почетокот на 24 февруари“.
Tелефонски разговор помеѓу Ковачевски и Борел за Украина
Премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук профил објави дека денеска на барање на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел, телефонски разговарал за случувањата во Украина.
Во разговорот, Борел ја изразил својата благодарност за целосната усогласеност на Македонија со надворешната политика на ЕУ.
Италијанскиот премиер: Рускиот напад врз Украина го оневозможи дијалогот со Москва
Италијанскиот премиер Марио Драги денска рече дека рускиот напад врз Украина го оневозможил дијалогот со Москва.
Тој побара од рускиот претседател Владимир Путин „веднаш да го запре крвопролевањето и да ги повлече воените сили“.