Масовни протести пропратени со насилство во повеќе земји, пожарот во катедралата Нотр Дам, комичарот кој стана претседател на Украина пред да биде вмешан во внатрешно-политички спор во САД, додека тинејџерка предизвика акција, но и контроверзии, поради нејзините предупредувања за климатските промени. Низ слики погледнете кои беа едни од најзначајните лица и настани во светот во 2019 година.
2019: Годината низ фотографии
21
Пожар се шири кон селото Пад Мелничнаја во Русија. Волонтерите успееа да го запрат ширењето на огнот кон детски летен камп. 27 мај 2019 година.
22
Парада на гордоста во Букурешт, Романија. 2 јуни 2019 година.
23
Приземјените авиони Боинг 737 Макс на паркинг во Сиетел. Авијациските власти ги забранија летовите на овој модел по две смртоносни несреќи поврзани со техничка неисправност на авионите. 1 јули 2019 година.
24
Инга Кудрачева вреска додека полицијата се обидува да го приведе нејзиното момче Борис Канторович, кое лежи над неа, за време на антивладините протести во Москва. 27 јули 2019 година.