Масовни протести пропратени со насилство во повеќе земји, пожарот во катедралата Нотр Дам, комичарот кој стана претседател на Украина пред да биде вмешан во внатрешно-политички спор во САД, додека тинејџерка предизвика акција, но и контроверзии, поради нејзините предупредувања за климатските промени. Низ слики погледнете кои беа едни од најзначајните лица и настани во светот во 2019 година.
2019: Годината низ фотографии
5
Промотивното место на молдавската Социјалистичка партија во Кишињев обвиено во мрежа со логото на партијата. Партијата освои мнозинство пратенички места, но не успеа да состави коалициска влада. 23 февруари 2019 година.
6
Војник од специјалните единици на белоруското Министерство за одбрана учествува во ексхумацијата на масовна гробница во која се закопани стотици луѓе од еврејското маало во Брест убиени за време на нацистичката окупација во Втората светска војна. 26 февруари 2019 година.
7
Американскиот претседател Доналд Трамп се поздравува со лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун по средба на самит во Ханој, Виетнам. 27 февруари 2019 година.
8
Селани од Авганистан носат овци во областа во провнцијата Кандахар погодена од поплави во кои загинаа најмалку 20 лица, а голем број на домови и автомобили беа уништени. 2 март 2019 година.